Седми скијачки меѓународен Меморијал Стеве Илиески–Караѓуле

ПОПОВА ШАПКА ПОВТОРНО ВО ПОЛН СЈАЈ – со рекорден број на учесници!

На падините на Шар Планина изминатиот викенд се одржа традиционалниот меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле 2018" во организација на Пријателите на Стеве, МК Александар и СК Полар.

објавено: 20 февруари 2018 - 17:15

На падините на Шар Планина изминатиот викенд се одржа традиционалниот меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле 2018" во организација на Пријателите на Стеве, МК Александар и СК Полар.
На патеката Пионерско Брдо на Попова Шапка во сите категории имаше одлични борби за првото место. Малите виртуози на скии и бордови поделени по старосни категории ги заслужија сите аплаузи од публиката.
На седмото издание на велеслаломот и сноуборд за деца учествуваа рекорден број од 183 учесници, а на стартната листа имаше натпреварувачи од Бугарија, Србија, Косово, Хрватска, Чешка, Велика Британија и Македонија.

Специјалните пехари „Караѓуле" наменети за најмлади учесници ги добија Дуња Арсиќ од Србија и Лео Цониќ од Македонија и двајцата со неполни 6 години.
По категории најуспешни беа:
Велеслалом за деца
Снегулки – женски: Раја Зарева (Бугарија)
Снегулки – машки: Павел Марков (Бугарија)
Помлади цицибанки: Натали Николова (Бугарија)
Помлади цицибани: Борислав Тодоров (Бугарија)
Постари цицибанки: Косара Гуштерова (Бугарија)
Постари цицибани: Дејвид Славчов (Бугарија)
Деца 1 – женски: Ера Дева (Косово)
Деца 1 – машки: Виган Буза (Косово)
Деца 2 – женски: Ема Петровска (Македонија)
Деца 2 – машки: Дрин Кокај (Косово)

Сноуборд за деца

Помлади цицибани: Евгениј Ристевски (Македонија)
Деца 1 – женски: Ева Башоска (Македонија)
Деца 1 – машки: Марко Петковски (Македонија)
Деца 2 – женски: Вера Лауренчиќ (Македонија)
Деца 2 – машки: Бојан Скендеровски (Македонија)