Распродажбата продолжи

Потона МЗТ на Јадранот (Фотогалерија)

Неверојатна криза го тресе МЗТ Скопје, а клубот со убава историја нема доживеано вакви тешки моменти. Единаесет порази по ред во Јадранската лига е исклучително лош ефект, а распродажабата на „металците“ си ја искористи и Игокеа за победа од 77:68

објавено: 5 јануари 2018 - 18:54

Ниту промените во раководтвото, играчкиот кадар и на клупата не донесоа напредок, освен постојаниот оптимизам, но надвор од терен, во изјавите.

На терен кошаркарите на МЗТ Скопје како и да не постојат, па поразите си се редат. Единаесет во серија веќе е голем срам за клуб со светла традиција, но и за македонската кошарка.