Не е се загубено, но утре не смееме да загубиме

Преку Австрија да го скокнеме Гибралтар (Фотогалерија)

Македонските фудбалски репрезентативци на возраст до 21 година се подготвени да се вратат на победничкиот колосек, а триумф утре против Австрија не враќа во игра за пласман во горниот дел на табелата во седмата квалификациска група за ЕП во Италија и Сан Марино за две години

објавено: 13 ноември 2017 - 18:42

Македонските фудбалски репрезентативци на возраст до 21 година се подготвени да се вратат на победничкиот колосек, а триумф утре против Австрија не враќа во игра за пласман во горниот дел на табелата во седмата квалификациска група за ЕП во Италија и Сан Марино за две години.

По стартната победа во Ереван против Ерменија, доживеавме два порази од кои едниот шокантен од Гибралтар на гостински терен. Не победија и Србите во Скопје, па време е да им се вратиме на победите.

Утре од 13 часот Австрија е фаворит, барем според обложувалниците, но ние игравме на ЕП во Полска со претходната генерација, па не грее оптиомизам дека можеме да славиме против Австријците и да се приклучиме во битката за подобри позиции од последната, на која сме по три одиграни натпревари.