ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ СО БИТОЛЧАНИ

Работнички го победи Пелистер и сега е трет

„Романтичарите“ минимално со 1:0 се радуваа на триумф во Охрид, каде „зелено-белите“ играат принудно како домаќини. Елиф Елмас даде евро гол во 60 минута и тоа беше доволно за трите бода да ги освојат скопјани. Со оваа победа, Работнички стигна до 36 бода, колку што има и Пелистер, но поради подобрата гол разлика, сегам скопјани се на третото место на табелата. За Пелистер ова е прв пораз во пролетниот дел. 

објавено: 12 март 2017 - 16:07