Победите во Хрватска носат насмевки

Ракометот ги спојува и лутите ривали - Битолска срдечна средба на тренинг (Фотогалерија)

Ракометот го има епитетот на спорт број 1 во Македонија, а тоа уште еднаш со одлични игри и победи го потврдува нашата репрезентација. Еуфоријата кај нас го доживува својот врв по двете победи во Загреб, а тоа влијае на добрата атмосфера и во домашните ракометни кругови

објавено: 16 јануари 2018 - 18:00

Ракометот го има епитетот на спорт број 1 во Македонија, а тоа уште еднаш со одлични игри и победи го потврдува нашата репрезентација. Еуфоријата кај нас го доживува својот врв по двете победи во Загреб, а тоа влијае на добрата атмосфера и во домашните ракометни кругови.

И ги урива сите бариери дури и меѓу лутите ривали. Таква сцена имаше и на тренингот на двете битолски екипи.

Ракометарите на Еурофарм само што го завршија тренингот, во салата пристигнаа играчите на Пелистер и дојде до „блиска“ средба. И тоа срдечна на стари ракометни пријатели. Успесите си го прават своето, а ривалитетот е оставен за на терен во прволигашките натпревари од Суперлигата.