НЕМА ЛАБАВО КАЈ ШПАНЕЦОТ

Раул барабар со ракометарите, облече маркер и им покажа како треба (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По еден ден одмор, Раул Гонзалез и неговите избраници продолжија со подготовките за квалификацискиот дуел против Украина на гости. Иако Шпанецот од денеска на располагање има уште четворицата ракометари Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Столе Стоилов и Филип Талески, сепак тој облече маркер и тренираше барабар со репрезентативците. Гонзалез не остава ништо на случајност, токму затоа ги применува сите методи за што подобра подготовка за претпоследниот квалификациски меч за пласман на ЕП. Македонската репрезентација од утре ќе биде комплетна, се приклучуваат Кире Лазаров и Борко Ристовски.

објавено: 12 јуни 2017 - 19:14