Од базата Коверчано денеска доаѓаат на прошетка во Торино

Реприза од лани - Манекените од Скопје, повторно само на прошетка и на „Олимпико“ во Торино (Фото)

Репрезентативците на Италија воопшто нема да тренираат на „Олимпискиот“ стадион во Торино, вечерва, а само ќе прошетаат на теренот, каде утре ќе играат против Македонија од 20,45 часот

објавено: 5 октомври 2017 - 17:46

Репрезентативците на Италија воопшто нема да тренираат на „Олимпискиот" стадион во Торино, вечерва, а само ќе прошетаат на теренот, каде утре ќе играат против Македонија од 20,45 часот.

Слично беше и во Скопје, пред една година, кога го игравме првиот меѓусебен меч со 4-кратните светски прваци. И тогаш Буфон и дружината се прошетаа на нашата национална арена, а мора да им се признае за стилот. Впрочем Италија е земја на модата, а и вечерва „манекените“ од Скопје, во малку изменет состав ќе продефилираат само во одела на „Олимпико“ во Торино, како обврска кон спонзорите и ТВ медиумите. Од Коверчано, место кое им е база на „аѕурите“ вечерва околу 18 часот ќе пристигнат во еден од хотелите во Торино, пред утрешниот меч.