ТРИУМФ КОЈ ДАВА НАДЕЖ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ ПОМИНЕ ОВОЈ ПРОТИВНИК

„Романтичарите“ покажаа победнички карактер (Фотогалерија)

Работнички со 2:1 славеше против Хонвед, во првиот меч од квалификациите во Лигата на Европа. „Романтичарите“ поведоа со 1:0, но во судиското надополнување добија „студен туш“ кога гостите од Унгарија израмнија на 1:1. 

Иако примија гол, играчите на Работнички не се збунија туку во второто полувреме излегоа мотивирани дека мора да победат. Така и се случи. Шарковски погоди за 2:1 пред реваншот на теренот на Хонвед.

објавено: 11 јули 2018 - 19:25