РАБОТНИЧКИ ЈА СОВЛАДА ШКЕНДИЈА

„Романтичарите“ полека се будат

објавено: 30 август 2014 - 19:53

Актуелниот фудбалски владател во Македонија, Работнички денеска оствари победа од 3-2 против Шкендија во премиерниот натпревар од 6.коло во Првата лига. „Романтичарите“ два пати губеа, но на крајот дојдоа до победата со фантастичниот гол на Марјан Алтипармаковски. Момците на Игор Ангеловски полека излегуваат од слабата форма и оваа победа може да им донесе многу голема самодоверба во продолжението од сезоната.