КОСОВО НА НАША СМЕТКА ПИША ИСТОРИЈА

Се случи срам, да не се повтори (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Очајно издание на македонската репрезентација во Приштина. Претквалификациите ги почнавме со пораз против Косово (72-68), кој пак на наша сметка ја пиша првата победа на еден официјален натпревар. Лошата игра, особено во првото полувреме не смее да се повтори во следните дуели, во спротивно ќе останеме на дното. Она што уште повеќе боли е што на крајот се радувавме оти не изгубивме со двоцифрен број на поени.

Косово нека остане голема лекција...Нашите кошаркари за задача имаат да ја убедат македонската публика дека немаа свој ден, шанса за ова ќе имаат во сабота против Естонија во СЦ „Борис Трајковски“.

објавено: 2 август 2017 - 22:46