ДА ГИ БОДРИМЕ ДО ПРВОТО МЕСТО ВО ГРУПАТА ОД ЛИГАТА НА НАЦИИ

СЕГА Е ВАШЕ ВРЕМЕ: Се загреваат македонските „рисови“ во ладното Скопје! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најдобрите македонски фудбалери се подготвени за новиот предизвик во УЕФА Лигата на нации, в понеделник (20:45 ч.) го очекуваат важниот натпревар против Гибралтар.

Бод или победа им носи прво место во групата и учество во плеј-офот за пласман на Европското првенство 2020. година.

Деновиве во Скопје преовладува облачно, дождливо и студено време, зимата како да чука веќе на вратата, но теренот на Националната Арена „Филип Втори" го загреваат, се очекува и на трибините да биде добра атмосферата, на крајот севкупно се надеваме победничка.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 18 ноември 2018 - 13:34