Како за почеток на пролетниот дел солидно дерби во Тетово

Шара предноста на Шкендија не ја дава (Фотогалерија)

Под Шара титулата се бара(ше), но конечно решение по новото 49. по ред дерби меѓу Шкендија и Вардар немаше. Ремито 1:1 и им остави комоција на тетовци со 8 бода предност пред Вардар, но за круната ќе има уште доста битки во Првата Лига

објавено: 14 февруари 2018 - 17:19

Под Шара титулата се бара(ше), но конечно решение по новото 49. по ред дерби меѓу Шкендија и Вардар немаше. Ремито 1:1 и им остави комоција на тетовци со 8 бода предност пред Вардар, но за круната ќе има уште доста битки во Првата Лига.

Бобан Грнчаров со гол во 78. минута го доведе шампионот до предност, но кога шампионите помислија дека ја топат предноста на лидерот, Шкендија со погодокот на Бесарт Ибраими израмни и љубоморно го чува плусот од 8 чекори пред Вардар во трката за титулата.

И наскоро пак ќе се гледа „црвено-црното“ дерби, но сега во националниот куп и тоа во четвртфинален двомеч.