ОФИЦИЈАЛЕН ТРЕНИНГ НА ШАМПИОНОТ

Шкендија напаѓа: После „светците“, на ред се „шерифите“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкендија се подготвува за првиот натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите. Следен ривал е Шериф во вторник кога ќе се бара поволен резултат пред гостувањето во Молдавија. Филозофијата на тимот е да се размислува напаѓачки, Ќатип Османи секако внимателно ја крои тактиката пред утрешната нова европска пресметка. Велшкиот ТНС е веќе минато, „светците" ја дознаа силата на македонските шампиони, на ред се „шерифите" да ја почувствуваат тетовската „црвено-црна“ атмосфера...

објавено: 23 јули 2018 - 19:02