Поинакво сценарио во Тетово и победа на вицешампионот

Шкендија не му остави ниту искра надеж на Вардар (Фотогалерија)

објавено: 12 август 2017 - 19:53

Шкендија не му остави ниту трошка надеж на шампионот Вардар дека може да ја продолжи серијата успеси во Тетово, што му беа заштитен знак во последно време и со супериорна игра го победија големиот ривал со 2:0. Евроголот на Алими и погодокот на Жуниор во период од само пет минути во второто полувреме донесоа многу радост кај домаќините. Шкендија е во врвна форма, а Вардар мора да стори нешто за да се тргне од летаргијата пред двомечевите за настап во Европа Лигата. Генералката, денеска во Тетово и дава многу надеж на Шкендија против гигантот Милан и носи уште повеќе грижи кај шампионот Вардар пред пресметките со Фенербахче.