На мегдан со седумкратниот европски првак

Шкендија тргна кон Милано (Фотогалерија)

објавено: 15 август 2017 - 12:18

Експедицијата на Шкендија тргна кон Милано, на најголемиот клупски меч во историјата на тетовци, против седумкратниот европски првак Милан. Задутре, „црвено-црните“ ќе играат на легендарниот стадион „Сан Сиро“, а сонуваат добар резултат како најава за спектакуларен реванш во Скопје на 24. август. Подобриот од овој двомеч ќе игра во фазата по групи во Европа Лигата.