ОФИЦИЈАЛЕН ТРЕНИНГ НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

Шкендија во Арената на „биковите“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

После пресот Шкендија тренираше на стадионот во Салцбург, Австрија каде што в среда од 19:00 часот ќе го одигра првиот меч од третото коло во квалификациите за ЛШ.

Играчите на Османи излегоа на терен со ентузијазам, свесни за тежината на оваа задача, ќе се соочат со силните црвени „бикови". Се кројат последните тактички замисли, во конкуренција за настап се Гледи Мици, опоравениот Бесмир Бојку, младиот Леард Садриу, додека со тимот не отпатува Алма Вакили.

Тетовските „црвено-црни" со позитивни вибрации од „Ред Бул Арената", продадени околу 7-8 илјади билети, но информациите велат дека продажбата продолжува и се очекува одлична атмосфера од трибините...

објавено: 7 август 2018 - 23:43