ФФМ: ИЗМЕНИ ВО СТАТУТОТ НА ВОНРЕДНОТО СОБРАНИЕ ВО ОХРИД!

Кандидатите за претседател да бидат активни во фудбалската игра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Основната промена во критериумите за кандидирање направена е во член 91. Изменето е претходното решение со кое кандидатот за претседател се бираше од редот на делегатите.

Со предложената измена во овој член кандидатот за претседател може и не мора да биде од редот на делегатите на Собранието.

Во делот кој ги утврдува условите кои кандидатот треба да ги исполнува, а се уредени во член 43, со интервенцијата направена во точка 3 на првиот став и бришење на зборовите „како нејзин член", овозможено е проширување и олеснување на процесот за кандидирање, како и овозможување да се кандидира и кандидат кој претходно активно учествувал во активностите на фудбалската организација во целина.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 9 декември 2018 - 15:27