ФАЌАМЕ ЗАЛЕТ КОН ПОДОБРО

Сите на број, Јоцо ги предупреди кошаркарите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација ги започна мини-подготовките за претквалификацискиот дуел со Словачка (недела) за пласман на ЕП 2021 година. На првиот тренинг се појави селекторот, Јорданчо Давитков, а како никогаш досега националниот тим беше комплетен. 

објавено: 21 февруари 2018 - 18:50

Македонската репрезентација ги започна мини-подготовките за претквалификацискиот дуел со Словачка (недела) за пласман на ЕП 2021 година. На првиот тренинг се појави селекторот, Јорданчо Давитков, а како никогаш досега националниот тим беше комплетен. Во Скопје допатува Ричард Хендрикс, а на репрезентативците добредојде им посака и претседателот на МКФ, Петар Наумоски.

Пред стартот на тренингот, предводникот на „црвено-жолтите“ одржа мал говор, им порака на своите избраници дека не смеат да го потценат противникот и покрај тоа што на гостински терен Македонија дојде без победа и тоа без помошта на првиот плејмејкер, Александар Костоски, како и центарот на МЗТ Скопје, Бојан Трајковски.

„Не смееме да ги потцениме, нема така лесно да дојдеме до победата, мора да одиграме максимално“, рече Давитков, кој за разлика од квалификациите за пласман на претходното Европско првенство, овој пат во овие претквалификации за континенталното натпреварување 2021 година има две победи во исто толку одиграни натпревари.

Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра во недела со почеток во 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, влезот е слободен.