Веќе и не можат да се изненадат со толку мечеви во кус рок

Скопје не понуди решение - Вардар и Шкендија по трета среќа во Тетово (Фотогалерија)

Скопје не понуди решение за последниот полуфиналист во националниот куп на Македонија, па Вардар и Шкендија ќе бараат трета среќа за триумф во Тетово. Реваншот на седми март мора да го даде победникот во Куп двомечот на двете најквалитетни екипи во мак-фудбалот

објавено: 21 февруари 2018 - 16:57

Скопје не понуди решение за последниот полуфиналист во националниот куп на Македонија, па Вардар и Шкендија ќе бараат трета среќа за триумф во Тетово. Реваншот на седми март мора да го даде победникот во Куп двомечот на двете најквалитетни екипи во мак-фудбалот.
Трилогијата во период од нешто повеќе од еден месец, досега понуди две епизоди со идентичен резултат. Во Тетово на 14. февруари со головите на Бобан Грнчаров и на Бесарт Ибраими во првенствен меч Шкендија и Вардар ремизираа.
Денеска се повтори сценариото, но во Скопје и во меч од купот. Повторно Ибраими беше стрелец за Шкендија, а израмни Фелипе со еврогол од слободен удар. И пак немаше победник, но мора да го има на 7. март во Тетово. Макар и на пенали, ако пак, третпат по ред биде 1:1.