УШТЕ ШЕСТ ДЕНА ДО СТАРТОТ НА ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ

Скопје одбројува до Суперкупот: Се работи на „турбо погон“

Уште помалку од една недела останува до стартот на најголемиот настан во Македонија, Суперкупот на Европа, а подготовките се во полн ек. Во Скопје пристигна и опремата која е потребна за беспрекорна организација на еден од најголемите настани под „капата" на УЕФА. Од организациски аспект, се треба да биде под конец, па останува, на 8 август, европските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед да направат фудбалски спектакл.

објавено: 2 август 2017 - 10:37