АРЕНА ЗАГРЕБ Е „НАШМИНКАНА“

Словенците се фалат - ќе ги имале главните места! Нека им биде, ние само да грмиме на теренот (ФОТО)

Денеска во Арена Загреб се обавуваа последните подготовки пред стартот на утрешните мечеви од нашата група Ц. Словенците не само што се пофалија дека ќе дојдат во голем број, најново е дека ќе ги имаат главните места на трибините.   

објавено: 12 јануари 2018 - 18:32

Од Загреб, Марија Ковачева

ФОТО: Петр Стојановски

Денеска во Арена Загреб се обавуваа последните подготовки пред стартот на утрешните мечеви од нашата група Ц. Од она што можевме да видиме, домаќинот добро се потрудил, единствена забелешка има од нас новинарите. Местата за медиумите се поставени далеку од микс-зоната каде по завршување на секој меч, ракометарите најпрво даваат изјави, а потоа се упатуваат кон соблекувалните. 

Инаку, Словенците не само што се пофалија дека ќе дојдат во голем број на дуелот со Македонија, најново е дека ќе ги имале главните места на трибините. Ако се прашуваме ние, немаме ништо против: Нека ги имаат најдобрите места, а додека нашите ракометари нека бидат главни на теренот. 

Но, Словенија не треба да заборави дека македонската репрезентација ги има најдобрите навивачи - „Фалангата“, која утре треба да брои околу 2.000.