Заврши 50. издание на ИКАС

Словенецот Острбенк ја освои „Старата дама“ Матка (Фотогалерија)

Словенецот Вид Острбенк е победник на 50. издание на Илинденскиот кајак слалом што традиционално се одржува на патеката Матка во Скопје

објавено: 8 април 2018 - 21:24

Словенецот Вид Острбенк е победник на 50. издание на Илинденскиот кајак слалом што традиционално се одржува на патеката Матка во Скопје.

Во натпреварите во кајак (К1) Острбенк го освои првото место со вкупно време од 115,57 секунди, а зад него на втората позиција низ целта мина Павле Ѓорѓевиќ од Србија. Христијан Игнатов е најдобриот македонски кајакар на јубилејното издание на ИКАС со освоеното трето место. Борче Мирчевски беше шести, Енис Небиовски заврши како осмопласиран, а Александар Златаров е десетти.

Во кану (Ц1) Гркот Панајотис Зисекас беше најдобар пред Горан Јовановиќ од Србија и Хрватот Лука Зубчиќ. Нашиот претставник Игнатов ја заврши трката како четвртопласиран.

Кај дамите во К1 победи Кристина Петровиќ од Србија, пред финската кајакарка Лиза Маенпа и Наја Пинтериќ од Словенија.