Со играта од Хрватска ќе бараме виза за Мундијалот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација го одржа првиот тренинг во рамките на ЕХФ неделата. Селекторот Раул Гонзалез и неговите избраници започнаа со подготовките за бараж мечот против Романија за пласман на Светското првенство 2019 година. На првиот тренинг недостасуваа капитенот Кирил Лазаров и Борко Ристовски, кои на своите соиграчи треба да им се приклучат утре. Во овие мини-подготовки, Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Русија. 

објавено: 2 април 2018 - 20:51