ПОСЛЕДЕН ТРЕНИНГ НА НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ ПРЕД ПАТОТ ЗА ЗАГРЕБ

Спремни за бој (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Селекторот Раул Гонзалез и момците во одлична атмосфера го одработија последниот тренинг, а беа и комплетни, односно без разлика што голманот Мартин Томовски и бекот Горан Крстевски отпаднаа за ЕП, тие беа со тимот. Го изгледаа докрај, и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, и генералниот секретар Филип Милошевски, и ги испратија ракометарите на Европското првенство во Хрватска.

Македонија утре изутрина има директен лет за Загреб каде ќе се аклиматизира за стартот на ЕП против Словенија в сабота.

објавено: 10 јануари 2018 - 20:00