МЕЧОТ ВО ЕРЕВАН Е УТРЕ ОД 18 ЧАСОТ НА „РЕПУБЛИКАН СТАДИУМ“

Срце на терен „рисови“, ова е ваше време, за Македонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска сениорска репрезентација е спремна за мечот во вторник против Ерменија во рамките од четвртото коло во Лигата на нации во Ереван.

Ерменците можеби поради шокот ќе сакаат да го поправаат впечатокот, но избраниците на селекторот Игор Ангеловски се во одлична серија од 10 мечеви без пораз и се надеваат дека ќе ја продолжат во Ереван и на тој начин се верификува првото место во групата 4 од Лигата „Д".

Ривалот располага со свој квалитет, но од наша страна се очекува паметно, мудро и трпеливо да се дојде до нови три големи бодови.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 15 октомври 2018 - 15:27