Не се заборавени и обичаите при испраќањето

Стар адет за нови победи и во Полска, хероите заминаа на ЕП (Фотогалерија)

Младите репрезентативци на Македонија веќе се на скопскиот аеродром и треба да полетаат за Полска, на историското Европско првенство за наша фудбалска селекција, а при испраќањето не беа заборавени ниту старите обичаи

објавено: 12 јуни 2017 - 13:50

Младите репрезентативци на Македонија веќе се на скопскиот аеродром и треба да полетаат за Полска, на историското Европско првенство за наша фудбалска селекција, а при испраќањето не беа заборавени ниту старите обичаи.

Водата за среќен пат ја полеа Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски. Традиција си е традиција, а ние посакуваме нашите херои да ја продолжат блескавата серија од 13 меча без пораз. Младата македонска репрезентација за играчи до 21 година ја има втората најдолга низа без пораз, зад Португалија, наш последен ривал во Б групата во Полска. Европските Бразилци немаат пораз веќе 5 години, а Македонија нема ништо против со нива да играме по вторпат во Полска, во финалето во Краков на 30. јуни.