Стартува мундијалската мисија

Без Лазаров и „компанија“ тргна „караванот“ за Маврово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација денеска ги започнува подготовките за Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Франција. За разлика од претходно, првите поздрави паднаа пред РФМ од каде Лино Червар и неговите избраници заминаа во Маврово. Она што беше најавено е дека првите тренинзи поради обврски кон клубовите ќе ги пропуштат Дејан Манасков и Филип Миркуловски. Но, утрово го немаше ниту капитенот, Кире Лазаров, Столе Стоилов, Гоце Георгиевски... 

објавено: 20 декември 2016 - 10:32

За разлика од претходните подготовки, овој пат македонската репрезентација нема да се задржува во Скопје. Лино Червар и дел од неговите избраниции утрово се собраа пред РФМ од каде се упатија во Маврово каде ќе одработат поголем дел од подготовките.

Она што беше најавено е дека првите тренинзи поради обврски кон клубовите ќе ги пропуштат Дејан Манасков и Филип Миркуловски. Но, утрово го немаше ниту капитенот, Кире Лазаров, Столе Стоилов, Гоце Георгиевски..., од искусните ракометари се појави само Филип Лазаров.

Светското Првенство во Франција почнува на 11 јануари, а Македонија својот прв натпревар од групата го игра против Тунис на 12 јануари во градот Мец. Во рамки на групната фаза, нашата репрезентација ќе се сретне уште со селекциите на Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.