Прв тренинг на нашата репрезентација во Анталија

Тежок е патот до големо натпреварување, Муслиу знае како е да се игра на ЕП (Фотогалерија)

Македонската фудбалска репрезентација го имаше првиот тренинг во Анталија, пред пријателските мечеви со Финска на 23. март и со Азербејџан четири дена подоцна

објавено: 19 март 2018 - 19:00

Тежок е патот до настап на големо натпреварување, но Македонија има фудбалери кои запишаа историја со пласман и настап на младинското ЕП во Полска.

Еден од нив е и Висар Муслиу, стоперот на А селекцијат, кој игра се подобро. Денеска мораше да го мине таканаречениот „тунел“ од наши репрезентативци, но тој без проблеми и со насмевка го стори тоа.

Селекцијата ја предводи капитенот Горан Пандев, тука се и искусните „волци“ од Италија, Несторовски и Трајковски, пристигнаа и златните момчиња од „полската генерација“ со Барди, Николов, Велковски, Муслиу, Радески, Зајков, пристигна и Тричковски, ги имаме и Ристовски, Адеми, Алиоски... што е потврда дека Македонија има шанси пред се преку Лигата на Нации да го оствари сонот и да игра на првото големо натпреварување во сениорска конкуренција.