ШАНСАТА БЕШЕ ПРОПУШТЕНА ВО СКОПЈЕ

Триумф во Талин, за утеха на „соколите“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со помешани чувства ќе се вратат кошаркарите и стручниот штаб на Карпош Соколи од гостувањето во Естонија. Пред се затоа што испуштија голема можност да го поминат првото елиминациско коло од ФИБА Лигата на шампионите. 

објавено: 21 септември 2017 - 20:30

Карпош Соколи го победи Калев Крамо (81:78), но нема да продолжќи со натпреварувањето во ФИБА Лигата на Шампионите. На „соколите“ им пресуди оној пораз во Скопје пред 48. часа (79:87), кој им носи пет поени помалку во вкупниот збир од двомечот со естонскиот клуб.

И многу веројатно дека поради тоа со помешани чувства ќе се вратат кошаркарите и стручниот штаб на макеоднскиот претставник од гостувањето во Талин. Пред се затоа што испуштија голема можност да го поминат првото елиминациско коло од шампионската лига на ФИБА.

За утеха им останува дека ќе продолжат да играат во второто ФИБА натпреварување - Европа купот.