Лошо почна авантурата на нашата млада женска репрезентација

„Трнлив“ ќе биде патот на Македонија до ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нашата млада женска репрезентација загуби од Унгарија со 18:33 во првиот квалификациски меч за Европското првенство во Словенија. Уште на првата средба избраничките на Борче Марковски покажаа слабости во играта, а противник како Унгарија знаеше тоа да го искористи. Сепак, ништо не е завршено, ова е само прво од трите квалификациски кола. Пред нашите девојки сега е предизвикот наречен Молдавија, во меч кој мора да се добие за да останеме со шанси за пласман на ЕП. Како изгедаше вечерашниот меч погледнете низ фотографиите.

објавено: 17 март 2017 - 21:06