РЕТКА МОЖНОСТ ПРЕД ПРОСТОРИИТЕ НА ФФМ

Трофејот од Супер Купот на Европа го „освоија“ најмладите

Еден од најзначајните трофеи во Европа, оној кој се доделува за победникот на Суперкупот на Европа е во просториите на фудбалската федерација на Македонија. Скопје и „Телеком арената“ ќе бидат домаќини на 8 август на средбата меѓу освојувачот во Лигата на шампионите и првакот во Лигата на Европа. Тоа ќе биде најголем фудбалски настан кој некогаш е организиран во Македонија. 

Денеска, трофејот беше изложен пред просториите на ФФМ и сите присутни имаа можност да се сликаат со него. Младите фудбалери кои го видоа пехарот, сонуваат еден ден на фудбалскиот терен да се радуваат на него.

објавено: 18 март 2017 - 13:28