Добро е да се оди во Европа во победничко расположение

Вардар го искачи Пелистер пред европскиот испит во Трондхајм (Фотогалерија)

Победнички по малата криза и двата едноподруго неуспеси, Вардар ќе патува во Трондхајм на дуелот во Европа Лигата со Розенборг 

објавено: 24 септември 2017 - 19:13

Победнички по малата криза и двата едноподруго неуспеси, Вардар ќе патува во Трондхајм на дуелот во Европа Лигата со Розенборг.

Победен е Пелистер со 1:0 во Битола, како потстрек за подобра атмосфера пред важниот меч со норвешкиот првак на 28. септември. Вардар повеќе од шест години не е поразен во Битола, во вечното македонско дерби, а и денеска славеше, па во порелаксирана атмосфера патува за Трондхајм по историска победа во Европа Лигата.