Се играше за гол повеќе, а шампионот славеше убедливо

Вардар силно притисна, гипсот лесно го омекна (Фотогалерија)

Вардар опасно притисна и гипсот од Ренова се распука на пет парчиња во еден од дерби мечевите од вонредното 15. коло. Се играше во невообичаен термин во четврток, а и резултатот од 5:2 за актуелниот шампион е во тој стил, неочекуван

објавено: 16 ноември 2017 - 15:23

Вардар опасно притисна и гипсот од Ренова се распука на пет парчиња во еден од дерби мечевите од вонредното 15. коло. Се играше во невообичаен термин во четврток, а и резултатот од 5:2 за актуелниот шампион е во тој стил, неочекуван.

Пет различни стрелци ја погодуваа мрежата на популарните „гипсари“ попладнево, а повторно необично, само Арџент Гафури беше двоен стрелец на мечот и тоа од таборот на поразениот состав.

Кај Вардар редум погодуваа Дарко Велковски, Дејан Блажевски, Максим Максимов, Хуан Фелипе и Итало.