СЛАВЈЕ ВО „ЦРВЕНО-ЦРНИОТ“ ДЕЛ НА СКОПЈЕ

Вардар слави 11 суперлигашка круна во перфектната сезона (ФОТО)

Македонскиот првак со убедливата победа над Металург од 38:25 практично и да ја одбрани титулата во Суперлигата, која воедно ќе биде и 11 во клупската историја од осамостојувањето на Македонија. „Црвено-црните" ја играат најдобрата сезона во својата историја. Титула во СЕХА Гаспром лигата, прв и историски пласман на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите, одбрана на домашната и круната во Купот на Македонија. Кога ќе се земе предвид целокупниот настап во овие месеци, „црвено-црните" можат да извлечат големо задоволство. Но, Вардар во Келн нема да настапи само како патник, туку целта е испишување на уште поубава историја, секако со Европската круна.

објавено: 11 мај 2017 - 23:33