ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН ТРГНА ЗА КАТАР

Вардарци по петти трофеј (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Европскиот ракометен првак Вардар отпатува за Доха, Катар каде од 25 до 28 август ќе настапува на Супер Глоуб.

објавено: 23 август 2017 - 11:36

Ова ќе биде прво учество на Вардар, и на екипа од Македонија и соседството што ќе настапува во Катар на неофицијалното клупско СП, во обид да го освојат и петтиот трофеј годинава. По триумфот во СЕХА Газпром лига, во домашниот Куп, лигата на шампионите и првенството на Македонија ова е уште една шанса да стане најуспешната екипа.

За Катар единствено не отпатуваа Тоше Ончев, Мартин Поповски и Владо Недановски кои во Скопје ќе работат индивидуално.

Првиот противник Вардар во четврт-финалето е ирански Гашарн, а тој натпревар е закажан за 25 август во 14 часот. Во полуфиналето би требало да се сретне со Барселона, тимот против кого играа и во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн во јуни.