МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ВЕЌЕ Е ВО ИСТАНБУЛ

Вардарци пристигнаа во турската престолнина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на македонскиот шампион пристигнаа во Истанбул. По триумфот над Фенербахче од 2-0 во Скопје, предводникот на Вардар, Чеде Јаневски и неговите избраници се најдоа на чекор до пласман во групната фаза во Лигата на Европа, што пак ќе биде најголем успех во историјата на македонскиот фудбал. 

објавено: 23 август 2017 - 12:41

Фудбалерите на македонскиот шампион пристигнаа во Истанбул. По триумфот над Фенербахче од 2-0 во Скопје, предводникот на Вардар, Чеде Јаневски и неговите избраници се најдоа на чекор до пласман во групната фаза во Лигата на Европа, што пак ќе биде најголем успех во историјата на македонскиот фудбал.

Вечерва во 18:30 часот по македонско време ќе се одржи прес-конференција на која ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски и еден фудбалер, а во 19 часот официјалниот тренинг на стадионот „Шукру Сарачоглу".