Шампионот покажа кој е кој во „Јане Сандански“

Вардарова победа за МЕРАК (ФОТО)

И покрај тоа што резултатски Вардар веќе го имаше обезбедено првото место во групата, денешната победа над Кристијанштад од 32:29 беше мераклиска од многу аспекти. Најпрвин бидејќи таа се случи на 100. натпревар од Лигата на шампионите, Арпад Штербик со 22 одбрани покажа дека е во врвна форма,Страхиња Милиќ се врати со стил, но, и шансата која ја добија неколкумина ракометари кои обично се резервисти. Како сето тоа изгледаше „скоцкано" од страна на маестро Раул Гонзалез погледнете низ фотографиите подоле.

објавено: 12 март 2017 - 19:25