Во фокусот е одбраната, нека му ја мисли Словенија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По два дена одмор, македонската репрезентација денеска продолжи со подготовките за Европското првенство. Првиот тренинг беше резервиран за одбраната, која по доаѓањето на Раул Гонзалез треба да биде нашето најсилно оружје на континенталното натпреварување. Фокусот е ставен кон Словенија, нашиот прв противник на ЕП. И покрај најавите за отсуство на неколкумина играч, Шпанецот е подготвен на сè, како и секогаш...Она што е најважно е дека атмосферата е одлична, ракометарите се максимално концентрирано и едвај чекаат да почне вистинското..

објавено: 8 јануари 2018 - 13:47