ФАНТАСТИЧНО ШОУ ЗА ПОРАНЕШНИОТ КАПИТЕН

Во Мајнц се играше за Николче! (ФОТО-ГАЛЕРИЈА и ВИДЕО)

Љубителите на фудбалот си ги ценат своите херои. Ова најдобро се виде попладнево во Мајнц, каде што се собраа легендите на тимот за да му оддадат почит на својот поранешен капитен, Николче Новески

објавено: 2 септември 2017 - 19:32

На „Опел“ арената дојде тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, Ивица Класниќ, Марко Розе, Јоханес Гаис, Бо Свенсон, Роберт Попов и други фудбалски имиња за да го одиграат егзибицискиот меч под наслов „Николче и пријателите“.

Пред 13.497 гледачи, поделени во „Тим Мајнц“ и „Тим Николче“, тимот предводен од Клоп беше подобар со 8:5, иако „нормално“, головите не се броеја. Новески, капитенски, постигна еден гол од пенал.