ЗАПОЧНА ЗАГРЕВАЊЕТО: Да ја завршиме работата во Суми (ФОТО-ВЕСТ)

За половина час ќе започне дуелот меѓу Украина и Македонија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. Со победа на денешниот натпревар Раул Гонзалез и неговите избраниците уште денеска ќе обезбедат билет за Хрватска. Нашите момци излегоа на терено и се подготвени да го дадат максимумот и во Скопје против Чешка да го потврдат местото на ЕП.

објавено: 15 јуни 2017 - 17:26