РАЗОЧАРУВАЊЕ НА АРЕНАТА

Жално, понижувачки...Ништо не остана од оној лански Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФОТО: Петр Стојановски

Пјуник останува кобен за македонските екипи на европска сцена. Вардар е третата жртва на ерменскиот тим, кој пак среде Скопје ја продлабочи кризата во редовите на „црвено-црните“ уште на стартот на новата сезона. На Арената „Филип Втори“ го видовме очаен Вардар, како никогаш досега, не остана ниту „В“ од оној ланскиот, кој на европска сцена беше вистинска сензација...Жално, но вистинито...Пјуник си замина со цел плен славеше со 0-2, а на Вардар не му останува ништо друго освен да превземе радикални мерки.

објавено: 19 јули 2018 - 21:58