ТРЕНИНЗИТЕ ВО КАЛЕ СЕ САМО ЗАГРЕВАЊЕ ЗА ОНА ШТО СЛЕДУВА

Женската машинерија на Вардар почна да се поти за европска слава

објавено: 1 август 2014 - 21:52

Македонскиот женски ракометен шампион стартуваше во подготовките и во деновите додека замине на тренинг-кампот во Австрија (вторник),  ќе се обиде постепено да го крева интензитетот на работа. Во Австрија ќе се подготвува скоро две недели, пред да го има првиот натпревар во новиот состав. На 17 август ќе гостува во Унгарија, на турнир што ќе го организира екипата на Ерд, во која замина Екатерина Костјукова. Вардар ќе одигра само еден натпревар, против домаќинот, иако на турнирот ќе учестуваат уште и Хипо, Подравка и четири унгарски екипи.Тоа ќе претставува увертира за Хендбол фиеста“, турнирот во Ѓер на кој нашите шампионки ќе играат против домаќинот и со Ларвик, од 22 до 24 август.

Фото: Денис Дуковски