РАБОТНИЧКИ И ШКУПИ ОДИГРАА БОРБЕН НАТПРЕВАР

Жестоко беше на дербито за Скопје (фотогалерија)

Дуели, максимална мотивираност, битка за секоја педа од теренот. Така играа скопските ривали на вчерашното дерби кое заврши без победник 1:1

 

објавено: 30 април 2018 - 10:15

Секогаш кога играат Работнички и Шкупи е интересно, тоа е едно од поголемите дербија во ПМФЛ. Така беше и вчера на Арената. Се играше без пардон, имаше повеќе жестоки дуели, се водеше битка за секоја педа од теренот. На крајот, иако и на двете екипи им беше потребна победата, актерите се помирија со тие 1:1.