БЛАГОДАРНОСТ ДО ФФМ ЗА УКАЖАНАТА ШАНСА И ПРЕПОРАКА

50.000 евра за СОС Детско село донирани од страна на УЕФА (ФОТО)

50 илјади евра за СОС Детско село се донирани од страна на Европската фудбалска унија (УЕФА), по повод тоа беше организирана официјална прес конференција.

објавено: 10 октомври 2018 - 12:29

Се обратија Мухамед Сејдини, потпретседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и генералниот секретар Филип Поповски.

„Благодарност до ФФМ за укажаната шанса и препорака до УЕФА за добивањето на наградата која за нас претставува признание за нашата работа", изјави Зорица Серафимовска Арсовска, претставник на СОС Детско село.

Беше доделена плакета за донацијата од страна на УЕФА, како и благодарница од СОС Детско село до ФФМ.

Најново во Фудбал