ПО УБЕДЛИВИОТ ПОРАЗ НА ДИНАМО ОД РИЕКА, СЕ ОГЛАСИ КАПИТЕНОТ

Адеми: Играв како пи*ка

Како предводник на теренот, македонскито репрезентативец ја превзема одговорноста за дебаклот 

објавено: 8 март 2018 - 13:00

Капитенот на Динамо, Аријан Адеми ја превзема одговорноста за убедливиот пораз на гостувањето кај Риека (4:1). Македонскиот репрезентативец беше разочаран од тоа како одиграл и беше самокритичен. 

„Катастрофа. Изгубивме со 4:1. Ужасно. Без зборови сум. Добро го започнавме мечот, се беше како што треба, а потоа се случи крах. Како капитен на овој тим, ја превземам одговорноста. Бев катастрофа, одиграв како пи*ка“, рече Адеми за хрватските медиуми, по поразот од Риека. 

И покрај овој пораз, Динамо останува убедлив лидер во првенството на Хрватска со 56 бодови, девет повеќе од големиот ривал Хајдук. 

Најново во Фудбал