Ало Лугано, овде Лидс, каде е македонскиот репрезентативец

Шпиунски игри околу Џани - Лидс прашува каде е Алиоски? Лугано вели: Бидете спокојни, наскоро ќе пристигне на Иланд Роуд (Фото)

Навивачите на Лидс очигледно притискаат за доаѓање на Езџан Алиоски на „Иланд Роуд", а интересна конверзација на Твитер го привлече вниманието и на нашиот репрезентативец

објавено: 7 јули 2017 - 08:30

Навивачите на Лидс очигледно притискаат за доаѓање на Езџан Алиоски на „Иланд Роуд“, а интересна конверзација на Твитер го привлече вниманието и на нашиот репрезентативец. Симпатизер на Лидс јунајтед извесен Џое Атертон го прашува познатиот новинар Патрик Дела Вале „Дали Алиоски беше присутен на утринскиот тренинг?

„Тука е Алиоски?“ доаѓа порака од Лидс. Лугано одговара преку Дела Вале: Не е тука...Само прашање на време е кога ќе пристигне кај вас на медицински прегледи и потпис на договорот“

Веројатно е прашање на време, навивачите на англискиот второлигаш го очекуваат Алиоски во дресот на нивниот омилен тим, а за да нема криенка се погрижи самиот Алиоски. Во свој стил објави фотографија од попладневниот тренинг, но со својот сегашен тим Лугано на „Корнаредо“. Утринскиот го прескокна и им даде надеж на фановите на Лидс, но тренираше попладнето со соиграчите од Лугано.

 

Веројатно малку и ги разочара симпатизерите на Лидс, но тие не се предаваат. А Дела Вале, кој е посебно добро информиран околу случувањата во Лугано тврди дека преселбата на популарниот Џани на „Иланд Роуд“ е само прашање на време.

Најново во Фудбал