ВО ШКЕНДИЈА ЗНААТ ШТО САКААТ ПРЕД ДУЕЛОТ СО РЕНОВА ВО КУПОТ

Алими: Сакаме двојна круна сезонава

Лидерот во првенството, утре на свој терен ќе се обиде да стигне до поволен резултат, во првиот меч од полуфиналето на Купот против Ренова

објавено: 13 март 2018 - 18:50

Лидерот во фудбалското првенство, екипата на Шкендија, утре на свој терен ќе се обиде да стигне до поволен резултат, во првиот меч од полуфиналето на Купот против Ренова. Играчот за врска, Арменд Алими е оптимист и верува дека тетовчани ќе се пласираат во финалето на ова натпреварување. 

„Натпреварите во Купот се секогаш ралични во однос на тие првенствените. Ние сме максимално мотивирани и сакаме да ја освоиме двојната круна сезонава. Се надевам дека ќе ја продолжиме победничката серија и на утрешниот меч. Ова е локално дерби, но ние ќе го дадеме максимумот и верувам дека ќе обезбедиме предност пред реваншот“.

Мечот се игра утре во 14 часот, а во исто време бранителот на Купот Пелистер ќе го пречека тимот на Академија Пандев.  

Најново во Фудбал