СЕЛЕКТОРОТ И КАПИТЕНОТ ПАНДЕВ ГЛАСАА ЗА ХРВАТОТ ВО ЛОНДОН

Ангеловски со најдобриот фудбалер на светот

Потсетување, дека фудбалерот на Реал Мадрид вчера беше прогласен за најдобар фудбалер на ФИФА гала свечената церемонија.

објавено: 25 септември 2018 - 16:00

Лука Модриќ, хрватскиот репрезентативец успеа да ги победи останатите двајца во најтесниот круг кои беа исто така номинирани за наградата, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

На оваа свеченост присуствуваше македонскиот селектор Игор Ангеловски кој го даде својот глас за Модриќ, а истото го направи и капитенот на нашата А репрезентација, Горан Пандев.

Ангеловски максимални пет поени му дал на Модриќ, три за Рафаел Варан, а еден за Кевин Де Брујн.

Пандев максимални пет поени за Модриќ, потоа три за Антоан Гризман, а еден за Кристијано Роналдо.

Најново во Фудбал