НЕ ГИ ИСПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА НА СОПСТВЕНИКОТ

Ардијан Нухиу си замина од тренерската клупа на Шкупи

„Иако донесовме високо квалитетни засилувања, не го добивме тоа што планиравме пред стартот на сезоната“, е образложението на сопственикот на клубот, Шефшет Демири

објавено: 13 март 2018 - 18:27

Екипата на Шкупи спогодбено го раскина договорот со тренерот Ардијан Нухиу. Тимот од Чаир се засили во зимскиот преоден рок, но сепак резултатите на теренот се под очекувањата. Во последните пет меча, Шкупи освои само шест бодови. 

„Иако донесовме високо квалитетни засилувања, не го добивме тоа што планиравме пред стартот на сезоната, па сметам дека најдобро е да ја раскинеме соработката со нашиот сегашен тренер Нухиу. Неговиот допринос за клубот е неспорен, за што сме му многу благодарени", изјавил сопственикот на Шкупи, Шефшет Демири.

 

 

Најново во Фудбал