ВУЈЧИЌ ПРЕД СПЕКТАКЛОТ НА „ИБРОКС“

Аутсајдери, но не дојдовме во Глазгов да загубиме! (Видео)

Денеска од 20:45 часот македонскиот фудбалски клуб ќе го игра првиот натпревар од стартното квалификациско коло против гигантот Ренџерс во Шкотска кој што на хартија ја има фаворитската улога.

објавено: 12 јули 2018 - 12:30

Без ниту еден повреден, фудбалерите на чело со тренерот Зекирија Рамадани го одржаа тренингот на „Иброкс", го почувствуваа теренот и беше тестирана нивната форма пред дуелот во Глазгов каде што се очекуваат полни трибини.

„Се надевам дека сите ќе уживаме во мечот, затоа се игра фудбалот, за такви мечеви кога стадионот е полн. Свесни дека дојдовме како аутсајдери, но сигурно не дојдовме да го загубиме натреварот.

 

Ќе дадеме се од себе да оствариме што подобар резултат и да имаме добра ситуација пред реваншот во Скопје", рече фудбалерот на Шкупи, Стефан Вујчиќ.

Најново во Фудбал